Градоначалникот Јованоски се враќа на болница: Сега сум најпотребен како доктор

0
56

Поради алармантната ситуација со Ковид 19 во Прилеп и огромниот недостиг од медицински персонал во болницата и градоначалникот Илија Јованоски се вклучува во борбата со пандемијата.

 Бидејќи и самиот е лекар, Јованоски смета дека сега е повеќе потребен во болницата и дека општината нема да трпи бидејќи и онака поради пандемијата таму бил намален обемот на работа. Ги повика и своите колеги кои можат и тие да волонтираат и да помогнат.

„Токму ова сакав да го покажам со личен пример и да им покажам со мојот пример на сите колеги, медицински сестри, болничари, да се пријават како доброволци и волонтери да помогнат во овој момент, затоа што на граѓаните, на општеството, на граѓаните од нашата општиина во овој момент најпотребна им е медициската услуга што ние мора да ја дадеме, затоа што никогаш не било вака алармантно“, вели градоначалникот Илија Јованоски.

„Имаме голем број на заразени, но непочитувањето на препораките, олабавувањето на граѓаните доведе до таа ситуација. Само последните денови имаме 377 нови заразени. За жал овој тренд не стивнува. Во овој момент имаме доволен број на болнички кревети. Сигурен сум дека ова ќе потрае и во иднина ќе ни требаат уште педесетина“, вели Јовановски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде