Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски со понуда да волонтира во Прилепската болница: Сега сум најпотребен како доктор

0
40

Многу малку граѓани се движат во вечерните часови, рече во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, кој додаде дека ситуацијата во општината е сериозна и загрижувачка.

Скоро сите носат маски што не беше случај порано. Ако овие мерки се почитуваат ќе имаме резултат. Инаку голем дел од граѓаните посакуваат карантин, но мислам дека со доследно почитување на мерките ќе завршиме работа,, – изјави градоначалникот Илија Јованоски, кој додаде дека ситуацијата во општината е сериозна и загрижувачка.

Имаме голем број на заразени, но непочитувањето на препораките, олабавувањето на граѓаните доведе до таа ситуација. Само последните денови имаме 377 нови заразени. За жал овој тренд не стивнува. Во овој момент имаме доволен број на болнички кревети. Сигурен сум дека ова ќе потрае и во иднина ќе ни требаат уште педесетина,, – вели Јовановски и додаде дека и тој како доктор се понудил од утре да волонтира во прилепската болница.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде