Кој е брачниот пар кој стои зад ефикасната вакцина против КОВИД-19?

0
51

Конечно добри вести кога е во прашање Ковид 19. Целото внимание го посветуваме на ефикасноста на вакцината чија цел е да го промени нашето постоење и да ни го врати животот во нормален тек. Меѓутоа, малкумина од нас знаат кој е најзаслужен за истата.

На чело на компаниите кои ни го доближија ова откритие, Pfizer и BioNTech, стои скромниот и посветен на медицината – брачен пар Озлем Туреџи и Угур Шахин.

Брачниот пар, Озлем Туреџи и Угур Шахин работи во Германија но е со потекло од Турција и е максимално посветен на пронаоѓање на вакцини и водење големи медицински истражувања.

Тие се родители на тинејџерка. Озлем е германска докторка, имунолог и бизнисменка родена во Истанбул. Таа е ко-основач и директор на компанијата BioNTech, а ја предводи и Асоцијацијата за имунотерапија за рак. Всушност, таа се смета за пионер во имунотерапијата за рак.

Угур пак потекнува од многу скромно семејство. Неговите родители се преселиле од Турција во Германија за да работат во Ford. Сепак, тој успеал да изгради компанија вредна 2 милијарди долари. Истиот е имунолог, доктор, професор по онкологија на Универзитетот во Мaјнц и извршен директор и ко-основач на компанијата BioNTech.

Во моментов, Озлем и Угур се вбројуваат меѓу 100-те најбогати Германци. И покрај тоа, тој не се откажува од својата навика да вози велосипед до работното место.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде