Како полесно да се справиме со самите себеси, за време на пандемија?

0
125

Во време кога сме во канџите на Ковидот, кога пандемијата во целиот свет е немилосрдна кон секоја единка, кога анксиозноста, чувството на непродуктивност и депресија владеат кај секој втора индивидуа, во време на новото “нормално”, важно е да знаеме дека сепак, постојат докажани начини со кои можеме да си помогнеме самите на себе.


Продолжете со добри рутини, вклучувајќи здрава исхрана, вежбање и спиење.
Разговарајте со вашите најблиски, за вашите грижи преку телефон или онлајн – технологија. Зборувајте за Вашите чувства и останете во контакт. Треба да знаеме дека е нормално да се чувствуваме тажно, збунето, исплашено, луто за време на корона кризата. Во моменти кога Ви е тешко, зборувајте за чувствата и со тоа си помагате себеси да останете во добро ментално здравје.

  • Хранете се здраво. Голем број истражувања покажуваат дека храната влијае врз нашето расположение. Чувството на добросостојба може да биде овозможено преку здрава храна и адекватен внес на витамини, минерали и вода. Обидете се да го намалите внесот на алкохол или пијалаци со многу шеќер.
  •  Бидете физички активни. Голем број студии покажаа дека физичката активност може да биде многу полезна во намалување на стресот, анксиозноста и депресијата, бидејќи со физичката активност се поттикнува излачувањето на хормонот на среќата. Редовната физичка активност може да ја зголеми Вашата самодоверба, да влијае позитивно врз концентрацијата, спиењето, позитивното чувство за себе и менталното здравје. Физичката активност може да ја направите во природа, парк или пак дома.
  • Одморете се. Обидете се да направите добар ритам во спиењето. Обидете се да спиете 6-8 часа во текот на ноќта. Добриот одмор и сон делуваат позитивно на целокупниот нервен систем и на менталното здравје.
  • Направете пауза. Променето го местото каде се наоѓате . Тоа може да биде пет минути пауза на свеж воздух, пауза за овошје или ужина, вежби за дишење или медитација. Некогаш тоа може да бидат заеднички игри со семејството или пријателите.
  • Побарајте помош. Никој од нас не е суперхерој. Сите ние понекогаш сме преплавени од нашите чувства или пак работите не се одвиваат онака како што сакаме или сме планирале. Доколку чувствувате дека не може да се справите со работите околу Вас, секогаш побарајте помош од семејството, пријателите или други значајни личности од Вашиот живот.

Останете позитивни!
Иако е ова време на неизвесност и нашите животи се сменија за кусо време, важно е да запаметиме дека
може да правиме многу работи за да се чувствуваме подобро. Запаметете дека овие промени и вашите
напори помагаат да се забави ширењето на коронавирусот
!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде