Талевски: Владата се грижи и помага на сите категории граѓани, тоа е патриотизам! 🎥

0
71

На денешната седница за ребаланс на буџетот со кој се обезбедуваат 470 милиони евра за четвртиот пакет антикризни мерки говореше пратеникот на СДСМ од Прилеп, Миле Талевски.

Талевски потенцираше дека Владата води грижа не само за здравјето на граѓањите туку ги амортизира сите економски последици од кризата притоа ги опфаќа сите категории на граѓани.

„Здравјето на граѓаните ни е најважно! Но, подеднакво важно за нас е во овие тешки времиња да им помогнеме и да им ги олесниме живеачката и секојдневното функционирање на работниците, стопанството, бизнисите, на пензионерите, земјоделците, студентите, средношколците, социјалните категории, како и на сите други погодени и засегнати од пандемијата.

Со четвриот пакет на антикризни мерки, чија вкупна вредност изнесува 470 милиони евра, докажуваме дека секој ќе добие помош и дека никој нема да биде оставен сам да се справува со тешките економските последници од коронакризата.

Да не беше криминалната власт на ДПМНЕ, да не беше таа криминална матрица за безмилосно крадење на народните пари, да не беа жалните врби од 300 илјади евра, милионите евра фрлени за реклами и пропаганда, денес државата ќе имаше повеќе пари за уште поголема помош на граѓаните и полесно справување со коронавирусот“, заклучи Миле Талевски од собраниската говорница.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде