Усеин Болт позитивен на Ковид-19

0
80

Усеин Болт ќе го помине следниот период во изолација затоа што е позитивен на коронавирус само неколку дена откако го прослави 34-от роденден.

Тркачот од Јамајка и воедно светски рекордер на 100 и 200 метри направил тест кој во неделата покажал позитивен резултат, а не е познато дали се соочува со симптомите.

На неговата роденденска забава на која не се почитувале мерките за заштита, меѓу останатите многубројни гости, според пишувањето на „Дејли Мејл“, бил и Рахим Стерлинг, еден од најпознатите фудбалери на Манчестер Сити.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде