Скандал во Баерн: Преговорите прекинати, агентот на Алаба и директорот се „фатиле за гуша“

0
235

Преговорите за продолжување на договорот на Давид Алаба со Баерн Минхен се времено прекинати, открива „Билд“.

Двете страни не успеаа да ги приближат позициите, напротив, на последната средба имало тензија меѓу агентот Пини Захави и спортскиот директор Салихамиџиќ, па за малку не дошло до физичка пресметка.

Австриецот има уште една година од договорот и настојува да добие 20 милиони евра по сезона, што ќе биде највисока плата во Баерн. Меѓутоа Салихамиџиќ категорично го отфрлил тој предлог и вербално го нападнал агентот.

Договорот на Алаба завршува следното лето, а Захави се заканил дека ако не се постигне договор фудбалерот ќе замине како слободен агент следното лето.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде