Браво за шестгодишниот херој кој ја спаси својата сестра

0
165

И суперхероите се восхитуваат на храброста на шестгодишниот Бриџер Вокер. Актерот Крис Еванс неодамна му испрати видеопорака на едно момченце кое ја спаси сестра си од напад на куче. Еванс му вети дека ќе му прати автентичен Капетан Америка штит како подарок за неговиот херојски подвиг.

„ДРУГАР, ТИ СИ ХЕРОЈ. ТОА ШТО ТИ ГО НАПРАВИ Е ТОЛКУ Е ХРАБРО, ТОЛКУ НЕСЕБИЧНО – СЕСТРА ТИ Е СРЕЌНА ШТО ТИ СИ Ѝ ПОСТАР БРАТ. ТВОИТЕ РОДИТЕЛИ СИГУРНО МНОГУ СЕ ГОРДЕАТ СО ТЕБЕ“, ВЕЛИ ЕВАНС ВО ПОРАКАТА ДО ШЕСТГОДИШНИОТ БРИЏЕР.

Тетката на својата инстаграм објава додава дека Бриџер подоцна им рекол: „Ако некој мораше да загине, сметав дека тоа треба да сум јас.“

Покрај Капетан Америка, и Хулк му честиташе на Бриџер за храброста и херојскиот подвиг. Марк Рафало беше една од првите ѕвезди кои одговорија на првичниот пост на Вокер и го пофали момчето дека е „поголем маж од многу, многу мажи што сум ги видел и ги знам“.

Бриџер, облечен во костим на Капетан Америка, го изгледа видеото на Еванс и иако се насмевнуваше, сепак многу сериозно се однесуваше, како што му доликува на еден херој.

View this post on Instagram

There are no words. We are so, so thankful.

A post shared by Nikki Walker (@nicolenoelwalker) on

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде