Ајде на забава! 4.000 доброволци за корона-експеримент: Треба да одат на поп-концерт

0
135

Германски научници бараат 4.000 доброволци кои би присуствувале на експериментален концерт на 22-ри август во Лајпциг, за да утврдат колкав е ризикот од пренесување на коронавирусот на манифестации кои собираат голем број на луѓе.

Експериментот го организира тим од научници од Универзитетската клиника во Хале на истокот на Германија. Сите учесници во експериментот, на возраст од 18 до 50 години, ќе мора да имаат негативен резултат на тестот за коронавирус. Концертот ќе биде одржан на 22-ри август во Лајпциг, а на него ќе настапува поп пејачот Тим Бенцко, за однесувањето на публиката што повеќе да се доближи до реалноста, наведуваат организаторите. 

Доброволците на концертот ќе мора да носат “FFP2” филтер маски, а во експериментот ќе биде користено и флуоресцентно дезинфекциско средство.

Ова средство, освен за заштитни цели, ќе биде употребено и да се следат површините кои публиката најчесто ги допира. Покрај тоа, учесниците во експериментот ќе добијат и уред кој на научниците ќе им овозможи да го следат нивното движење и оддалеченоста од останатите доброволци.

Научниците сметаат дека најголем предизвик ќе биде проценката на податоците, а во план е тестирање на три можни сценарија:

  • Првото сценарио подразбира влегување на публиката од два влеза, без дистанцирање и други мерки за заштита од коронавирусот.
  • Второто сценарио предвидува побавен влез на публиката од повеќе влезови, со построги заштитни и хигиенски мерки.
  • Третото сценарио вклучува седење на доброволците на трибини на меѓусебна оддалеченост од 1,5 метри, а во овој експеримент би требало да учествуваат 2.000 луѓе.

Експериментот има за цел да утврди под кои услови би било можно повторно одржување на манифестации со голем број на луѓе, кои во Германија би требало да бидат повторно дозволени од 30-ти септември.

Освен тоа, целта на експериментот е да се утврди со колку други луѓе еден посетител има контакт кога присуствува на ваков настан.

Научниците се надеваат дека резултатите би можеле да помогнат во формулирањето на математички модел, кој би бил употребен со цел спречување на ширењето на вирусот на големи манифестации.

Се очекува првите резултати да дојдат 4 до 6 месеци од спроведувањето на експериментот

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде