Преубаво – кино на вода во Париз!

0
160

Во време кога светот се бори со пандемија, се протестира против бруталност и трпеливо се чекаат деновите кога животот ќе протече по неговиот нормален тек, убаво би било ние да се потсетиме на она што е повеќе од убаво.

Очигледно е дека дека ситуацијата со коронавирусот ќе потрае, а со тоа и задолжителната потреба од социјално дистанцирање, во Париз се отвора првото кино на отворено на вода.

Посетителите ќе имаат единствено и уникатно искуство да гледаат филм додека уживаат седнати во бротчиња и без да се плашат дека некој им дише во врат.

Отворањето ќе биде на 18-ти јули со прикажување на филмот „Le Grand Bain“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде