(Видео) Денес е Светски ден на чоколадото, почестете се со мус од 3 состојки

0
147

Денес е Светски ден на чоколадото и по тој повод, за сите љубители на чоколадото, еве еден едноставен рецепт од неколку состојки, кој е совршен за славење на овој ден.

Потребни се само три состојки и малку добра волја и трпеливост додека да се олади чоколадниот мус.

Состојки:

140 г манчмелоу

360 мл млеко (околу една и пол чаша)

170 г темно чоколадо

Подготовка:
1. Ставете ги манчмелоуто и млекото во сад и загревајте на тивок оган додека не се растопи манчмелоуто. Процесот трае околу 5-7 минути.

2. Смесата со стопените манчмелоу потоа истурете ја врз 170 г сечкано темно чоколадо и оставете 2-3 минути. Потоа мешајте додека смесата не се изедначи.

3. Поделете ја смесата на четири дела, односно истурете ја во четири чаши и ставете ја да се лади барем еден час.

4. Доколку сакате, можете да го збогатите мусот со шлаг, овошје или трошки од чоколадо.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде