Дурловски, каде ќе води патот од Битола?

0
230

Носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица број 5, Игор Дурловски, во гостување во живо во вестите на телевизија Сител, се збуни и заборави каде ќе води патот од Битола.

Дурловски не можеше да се сети на тоа со која локација е поврзан автопатот од Битола претставувајќи ги најважните проекти на „Коалицијата за обнова на Македонија“.

По долга пауза и неможност да се сети за кој пат зборува, на крајот изусти дека ќе го изградат автопатот Битола – Градско, иако во прогамата е заведен автопатот Битола – Прилеп. Со срамното телевизиско појавување Дурловски покажа дека прво не си ја познава државата, а потоа дека не си ја знае ниту програмата, која тој и другите кандидати би ја спроведувале доколку победат на изборите. Дури се доби и впечаток дека тој нема ниту прочитано што стои во нивната програма.

Ваквите елементарни непознавања од страна на кандидатите на ВМРО ДПМНЕ, особено од носител на листа е навреда кон гласачите. Како сега Дурловски ќе продолжи да ја бара довербата на граѓаните кога не знае ниту кои патишта во државата се за реконструкција, кои автопати се за поправка и со каков пат е поврзано некое населено место со друго.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде