Филипче: Платите во здравството ќе ги зголемиме за 40%

0
100

Секоја година ќе ги зголемуваме платите во здравството за 10 отсто, вети министерот за здравство Венко Филипче при посета на Штип, во рамки на предизборните активности на Коалицијата „Можеме“.

„До крајот на 2020 ќе се дефинира 10-годишната стратегија за издвојување и инвестиции во здравството и ќе побараме широка собраниска поддршка за неа затоа што на здравствениот систем му треба стабилно и повисоко вложување. Ќе инвестираме во човечките ресурси. Секоја година ќе ги зголемување платите на здравствените работници и соработници за 10 проценти, значи вкупно 40 проценти за целокупниот следен мандат. Сите млади лекари кои се на специјализација и се надвор од скопје ќе добијат 12 000 субвенција за решавање на станбеното прашање. Ќе го зломемиме бројот на специјализации и на наставни лица. Младите лекари ќе имаат можност да напредуваат во науката“, порача Филипче.

Филипче се осврна на реализираните проекти, а посочи дека пандемијата со ковид-19 беше најсериозниот тест за македонскиот здравствен систем.

„Додека некој се потсмеваа на вирусот и ја потценуваа опасноста ние бевме меѓу првите земји во регионот кои воведоа рестрикции. Реакцијата беше навремена и успеавме да го амортизираме ударот на здравствените институции – порача Филипче.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде