Нова „бомба” Мицкоски – Кичеец. Мицкоски ја потврди автентичноста на снимката!

0
213

На Јутјуб се појави ново продолжение од снимениот разговор меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, еден од главните актери во аферата „Рекет” – Зоран Милески-Кичеец и Слободанка Алексовска, поранешна директорка за човечки ресурси во болницата „Аџибадем Систина”.

Христијан Мицкоски со Зоран Милевски Кичеец и Слободанка Алексовска зборува дека Орце Камчев ги платил долговите на ВМРО-ДПМНЕ кои ги наследил од претходното раководство.

Во разговорот се слуша како Мицкоски „играл“ против донесување законот за ЈО во полза на предметот против Камчев кој се уште не е завршен.

Во оваа епизода, Мицкоски кажува дека му е многу благодарен на Орце Камчев како еден од ретките луѓе што му помогнал кога тој настапил на чело на партијата со огромни долгови. Партијата била пред исклучување од струја, парно, немале вода и кабелска телевизија. Тогаш Камчев им помогнал за долгот што ВМРО ДПМНЕ го имала.

Ако помине вака како што мислат да помине, тој предмет не е завршен. Напротив, да знаете. Единствен којшто се бори во моментов сум јас – вели Мицкоски, а медиумите што ја преобјавуваат „бомбата” тврдат дека станува збор за предмерот „Империја”.

Христијан Мицкоски експресно изјви дека разговорот меѓу него и Милески е монтиран. Тој ја потврди автентичноста на разговорот, но рече дека тоа е само еден разговор, а се сечеле и се монтирале парчиња.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска изјави дека ја исклучува можноста СДСМ да ги пушта во јавност разговорите што се појавија деновиве, а на кои се слуша гласот на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Претпоставував дека тоа го прави некој од присустните на состанокот на кој имало три лица, вели Заев.

Тој, како што кажа, очекува во полиција да бидат повикани и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски и Орце Камчев – осомничен во случајот „Империја“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде