Зоран Заев: Очекувам Чулев да ги повика Мицкоски и Камчев на сослушување!

0
207

Откако Министерството за внатрешни работи го повика поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев да даде изјава, сега повеќе од оправдано, во најбрз можен рок се очекува МВР да ги повика на разговор и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и бизнисменот, Орце Камчев.

Повикот на Дончев во полиција, е само политички маркетинг на министерот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада, Наќе Чулев.

-Јавното обвинителство даде соопштение дека постои таква предистражна постапка, а начинот на којшто Чулев сака тоа да го прикаже е нешто кое што дефинитвно е поради политички цели оти Обвинителството дава налог некој да биде повикан да биде изведен пред истражен судија или слично. Чулев го прави тоа заради политички маркетинг. Ама сега кога веќе тргнаа со овие аршини да го викнат и Мицкоски , да го викнат и Орце Камчев по истите аршини, исто како што го направија тоа со Ден Дончев, рече Заев.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде